Долго пред Моли-Меј и Томи Фјури, пред повторната разделба на Џенифер Лопез и Бен Афлек и турбулентната врска на Меган Фокс и Машин Ган Кели, постоеше едно славно раскинување што го шокираше светот.
Станува збор за едно од најпознатите разделби во Холивуд – Џенифер Анистон и Бред Пит.
Двајцата актери почнаа да се забавуваат во доцните 90-ти, а во јули 2000 година се венчаа на плажа. Но, во јануари 2005 година ја објавија разделбата, а разводот беше финализиран во октомври истата година. Наскоро потоа, Пит сè почесто беше виден во друштво на колешката од филмот „Господин и госпоѓа Смит“, Анџелина Џоли.
Ова доведе до продажба на маици со натписи „Team Aniston“ и „Team Jolie“ и медиумска бура.
Се зборуваше дека „Бранџелина“ се вљубиле токму на снимањето, иако Пит тврдел дека никогаш не ја изневерил сопругата. Анистон во интервјуа изјави дека „ќе го сака Бред до крајот на животот“, и кога Vanity Fair ја праша дали му верува дека не ја изневерил, таа рече: „Избирам да му верувам на мојот сопруг. Не би се изненадила од ништо, но сепак преферирам да му верувам.“
Во јануари 2006 година, Џоли потврди дека е бремена со детето на Пит, два месеци по официјализирањето на разводот со Анистон. Џоли и Пит се верија во 2012 година и се венчаа во 2014.
Анистон откри дека пред разделбата само еднаш се сретнала со Џоли, на снимањето на „Friends“, и ѝ рекла: „Бред е многу возбуден што ќе работи со тебе. Се надевам дека ќе си поминете убаво.“
Анистон рече дека навистина верувала дека нејзиниот брак со Пит е „вистинскиот“, но дека „работите се променија“, пренесува Лад Бајбл.
„Се променивме двајцата. Се трудевме најдобро што можевме“, заклучи таа.
Џоли поднесе барање за развод од Пит во 2016 година поради „непомирливи разлики“, а правната битка траеше со години. Спогодбата за развод беше постигната дури на крајот од минатата година.