Медиумското внимание околу разводот на Бритни Спирс и Сем Асгари не стивнува, па странските медиуми сега пишуваат дека отсега за неа ќе се грижaат нејзиниот менаџер и адвокатот.
Според TMZ, адвокатот на Бритни, Метју Розенгарт, и нејзиниот менаџер Кејд Хадсон, се некои од ретките луѓе од кои таа има поддршка и помагаат да се храни, ја носат на состаноци и и помагат да управува со нејзините работи. Розенгарт, наводно, не мисли дека нејзината моментална ментална состојба е многу причина за вознемиреност и не планира да ја зголеми својата медицинска нега или да воведе каква било терапија. Наводно и нејзиниот постар брат Брајан се обидува да и помогне, но засега со голема претпазливост.
Сем Асгари, за кој се верува дека потпишал предбрачен договор пред да се ожени за Бритни, поднесе барање за развод наведувајќи ги како главна причина непомирливите разлики. Тој бара од пејачката да му плати издршка и да ги покрие неговите правни и судски трошоци, како и поделба на имотот и други работи, а Бритни стравува дека тоа би можело да ги опфати и двете вдомени кучиња.
Папараците неодамна ја фатија пејачката како излегува од ресторан за брза храна на полноќ со тажен и нерасположен израз на лицето. Носеше црни шорцеви и џемпер под кој не носеше градник, што беше повеќе од очигледно и изгледа не и е грижа како луѓето ја гледаат. Таа била придружувана од тим за обезбедување, чии членови се загрижени за нејзината безбедност, а нејзиното излегување било снимено само неколку часа откако признала дека била малку шокирана од разводот.
Бритни, чие богатство се проценува на 60 милиони долари, во меѓувреме ги шокираше фановите со нова објава на Инстаграм. По веста дека таа и нејзиниот сопруг Сем Асгари се разделуваат, Бритни ужива во друштво на непознати мажи кои и се пријатели, а она што еден го прави ги остави без зборови нејзините следбеници.
Имено, Бритни објави видео на кое ја држат четворица мажи додека позира пред камерата, а потоа во видеото наеднаш почнува да танцува, што е веќе стандардна сцена. После тоа, еден од пријателите клечи на подот и и ја лиже ногата од чизмата нагоре.
„Кога одите да сретнете таканаречен „пријател“ и возите еден час за пилешко. Потоа треба да почекате во автомобилот, потоа да одите во тоалет… Знаев дека на папараците им е кажано каде сум затоа што автомобилот во кој бев никогаш не бил користен… па не разбирам како ме следеа? Малибу кањон роуд е најужасниот пат по кој некогаш сум возела“, ја почната приказната Бритни.
„Тогаш што да правам? Го облеков зелениот фустан и им се појавувам на пријателите. Ги поканив моите омилени момци и се забавувавме цела ноќ“, напишала таа во описот на видеото.
Многумина се прашуваат зошто пејачката се уште не побарала лекарска помош, која, судејќи по објавите, и е потребна. Пред тоа лежеше гола во кревет и ги криеше градите со рацете и чаршафот.
Сем Асгари поднесе барање за развод од Бритни минатата недела, неколку часа откако се појавија првите гласини за крајот на бракот. Причината наводно е неверството на Бритни, по што следувала жестока расправија меѓу парот. Таа беше фотографирана како вози во близина на нивниот дом во Лос Анџелес без нејзиниот венчален прстен, а фотографиите на Сем на неговиот Инстаграм профил покажуваат дека и тој се откажал од својот.
Странските медиуми почнаа да копаат во нивниот приватен живот, а ТМЗ пишува дека пејачката дури и физички го малтретирала Сем.
Како што откриваат извори блиски до парот за ТМЗ, Сем наводно често им се жалел дека Бритни физички го повредувала во текот на нивните 7 години заедно и дека имало чести тепачки за кои било потребно да интервенира обезбедувањето.