Ема Робертс се сврши

18.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ема Робертс се сврши

Глумицата ја објави радосната вест на „Инстаграм“, покрај слика со новиот свршеник и сјајниот прстен во преден план.

„Поставувањето на 'ова овде' (прстенот, з.п.) пред мајка ми - кажува сѐ“, напиша ѕвездата на „Американска хорор-приказна“ во објавата, додавајќи срце на крајот.

Повеќе познати пријатели во коментар им ја честитаа свршувачката на Робертс и Џон.

Ема Робертс претходно беше во врска со глумецот Герет Хедланд со кого има и син, роден 2020 година. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата