Џулија Робертс не сакала продолжение на „Нотинг Хил“

29.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џулија Робертс не сакала продолжение на „Нотинг Хил“

Сценаристот на популарната романтична комедија од 1999 година неодамна откри за „IndieWire“ дека Џулија не била воодушевена од сценариото за вториот дел, во кој нејзиниот лик Ана Скот решава да се разведе од Вилијам Такер, кој го игра Хју Грант.

„Се обидов да направам продолжение каде што требаше да се разведат, но Џулија мислеше дека тоа е многу лоша идеја“, изјави Кертис. Филмот „Нотинг Хил“ стана еден од омилените романтични филмови во режија на Роџер Мичел, а приказната се одвива во лондонскиот кварт Нотинг Хил и раскажува за необичната љубов помеѓу сопственик на британска книжарница и популарна холивудска актерка.

Вил Такер е сопственик на мала книжарница во Нотинг Хил, а неговиот живот целосно се менува кога случајно ја запознава Ана Скот, позната холивудска актерка. Тие развиваат врска за време на која ќе мора да надминат многу препреки како што се нејзината слава и медиумско внимание и несигурноста на Вил. Иако има забележливи разлики, меѓу нив се развива романтична врска. Филмот покажува дека љубовта може да преживее многу предизвици кои изгледаат невозможни, пренесува „24Sedam“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата