Франција со денови се бори со разорни пожари што беснеат долж јужниот брег, поради што беше неопходна евакуација на стотици илјади луѓе, меѓу кои и Џорџ и Амал Клуни.

Тие побегнаа од пожарот заедно со своите деветгодишни близнаци, Александар и Ела, од Брижол во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег.

Претставник на семејството на Џорџ Клуни потврди дека тие преку писмо го известиле градоначалникот на Брижол, Дидие, за евакуацијата.
– Драг Дидие, во овој момент немаме претстава дали нашиот прекрасен дом ќе ги преживее овие страшни моменти – наведоа тие во писмото.

Тие изјавија дека се надеваат оти сите нивни сограѓани се безбедни и нагласија дека се поврзани со локалната заедница. Џорџ Клуни, кој заедно со своето семејство доби француско државјанство кон крајот на 2025 година, оваа година се најде на листата на 500-те најбогати луѓе во Франција, благодарение на својата актерска кариера, но пред сè на своите деловни потфати.

– Амал и јас сакаме да кажеме дека, без оглед на тоа што ќе се случи со нашето село, ќе останеме дел од оваа заедница и ќе учествуваме во нејзината обнова. Ги сакаме Брижол и нашите пријатели што живеат таму – напишаа тие.

