Поп дивата и актерка, која го прослави својот 56-ти роденден пред неколку недели, објави серија нови фотографии на Инстаграм - и никогаш не изгледала подобро.
Овој пат, таа се одлучи за комбинација која зрачи со познатиот француски шарм и сексапил. Џенифер Лопез носеше црно боди со долги ракави, црни чорапи со впечатлив цветен дезен и вртоглаво високи црни потпетици. Својот изглед го комплетираше со кожна беретка, а она што особено го привлече вниманието на фановите беа нејзините извајани бутови, што предизвика вриење на социјалните мрежи.
Коментарите под објавата беа полни со комплименти, а многумина го нарекоа ова нејзино „најдобро издание досега“. Еден од следбениците напиша: „Џеј Ло, ти си уметничко дело“, додека други истакнаа дека изгледа подобро од кога било во својата кариера.
Фотографиите собраа стотици илјади лајкови за кратко време, а модните критичари се согласуваат - со овој едиторијал, Џенифер Лопез уште еднаш покажа дека е вистинска икона на стилот и дека нејзиниот сексапил не избледел дури ни по децении поминати во центарот на вниманието.