Снимката од настанот ја објави Дејли Мејл на својот Инстаграм профил.
„Бегајте од мене и моите деца, одете си“, извика 55-годишната пејачка видно вознемирена. Корисниците на Инстаграм коментираа дека таа само бара внимание и дека добро го одглумила настанот. „Кога беше со Бен, сакаше внимание, сега го мрази“, „Сакаше слава, ја доби“, „Колку им плати на папараците за ова“, беа само дел од коментарите.
Од друга страна, корисниците на Редит излегоа во нејзина одбрана. „Ја малтретираат кога е со децата, не е убаво“, „Да требаше да ги трпам папараците 30 години, и јас би се однесувал вака“, „Ова е страшно. Најлошото е што таа не прави ништо за да ги заштити нејзините деца“, „Мразам кога ги малтретираат познатите деца, тие не го избраа тоа“, беа зборовите со поддршка што ѝ ги испратија нејзините обожаватели.
Потсетуваме, познатата пејачка неодамна го прослави својот 55-ти роденден. Лопез веќе некое време никаде не го спомнува нејзиниот сопруг Бен Афлек. Магазинот People пишува дека тој не се ни појавил на нејзината роденденска забава. Се шпекулира за нивен развод, но парот се уште нема официјално соопштение. Тие неодамна ја ставија на продажба нивната палата во Беверли Хилс, по што сомнежите се засилија.