Џенифер Анистон се пофали со внатрешноста на својот огромен гардеробер (ФОТО)

22.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џенифер Анистон се пофали со внатрешноста на својот огромен гардеробер (ФОТО)

Актерката сподели фотографии од нејзината луксузна гардероба, а нејзиниот плакар е токму она што би го замислиле - голем и прекрасен.

Гардероберот е како моден бутик и е направен од дрвени ѕидови, а е толку голем што може да прими дури и неколку членови од нејзиниот тим. Во едниот дел има и катче за убавина со големо огледало со светла и столче за седење додека е во тек шминкањето.

На фотографиите се гледа како ѕвездата се подготвува за People's Choice Awards, каде што доби награда за улогата во The Morning Show. Вечерта ја одбележа нејзиниот фустан кој покажа дека малиот црн фустан никогаш не разочарува.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата