58 годишниот Џејми Фокс и неговата 27 години помлада девојка Алис Хакстеп го добија своето прво заедничко дете.
Магазинот „Пипл“ (People) пренесува дека актерот сега е татко на три деца.
За Фокс и Хакстеп – за која се вели дека е поранешна фитнес-инструкторка која се држи подалеку од очите на јавноста – првпат се појавија гласини дека се во врска во август 2022 година.
Тогаш таа беше забележана како му дава поддршка на светската премиера на неговиот филм за „Нетфликс“, „Деј шифт“ (Day Shift), иако не се појавија заедно на црвениот тепих.
Една година подоцна, тие беа видени како си заминуваат по заедничка вечера во ресторанот „Нобу“ во Малибу. Според информациите, нивната врска се развила откако Фокс доживеал мозочно крварење, кое довело до мозочен удар за време на снимањето на акциската комедија „Бек ин екшн“ (Back in Action) со Камерон Дијаз.
Овој медицински детал тој подоцна го откри во својот комедиски специјал од 2024 година, насловен „Џејми Фокс: Што навистина се случи...“ (Jamie Foxx: What Really Happened...).
Во периодот по здравствените компликации, Алис „беше тука за него“ и претставуваше огромна поддршка во животот на актерот, објави магазинот „Пипл“ (People) во 2024 година.
Двојката накратко раскина во јануари 2025 година, но три месеци подоцна беа фотографирани како, сосема случајно, излегуваат од истиот ресторан „Нобу“ (Nobu).
Тие останаа заедно, а „Пипл“ ги забележа како се забавуваат во „Кики он д ривер“ (Kiki on the River) во Мајами за време на минатогодишната Ноќ на вештерките. Веста за бременоста прв ја објави порталот „ТМЗ“ (TMZ) уште во мај, наведувајќи дека австралискиот модел е веќе „неколку месеци бремена“. Фокс е веќе искусен татко на две возрасни ќерки, на возраст од 32 и 18 години.

Својата најстара ќерка, Корин, ја добил во 1994 година со поранешната партнерка Кони Клајн, а потоа и Анелиз Бишоп во 2008 година со поранешната партнерка Кристин Гранис.
Фокс никогаш не стапил во брак, а во своите мемоари од 2021 година, насловени „Однесувај се како да имаш мозок: и други работи што ме научија моите ќерки“ (Act Like You've Got Some Brains: And Other Things My Daughters Taught Me), откри дека никогаш не бил убеден оти бракот е добра идеја за него.
„Никогаш не ми се чинело дека бракот е неопходен за децата да растат во безбедна атмосфера полна со љубов“, напиша Фокс.

