Џеј Ло има нови правила-Доста ѝ е од неуспешни врски и бракови

6.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џеј Ло има нови правила-Доста ѝ е од неуспешни врски и бракови

Се чини дека мегапопуларната Џеј Ло смислила нови правила   за идниот партнер кој би сакал да биде во врска со неа.

Нејзиниот иден партнер  ќе мора да се придржува до нив ако сака да биде во врска со Лопез.

Таа зборуваше повеќе за тоа за време на нејзиниот настап во Лас Вегас минатиот викенд.

Не е тајна дека поп-дивата Џенифер Лопез беше скршена од разводот од Бен Афлек, но во исто време и „отрезнета“.

За време на концертот во Лас Вегас, Џенифер Лопез ја отпеа хит-песната од 1999 година „If You Had My Love“ и размислуваше за нејзиното значење денес.

„Кога првпат ја испеав, бев многу млада и полна со надеж. Со текот на годините, ја пеев и кога бев тажна и кога бев среќна. А денес ја пеам од сила“, рече таа.

Набргу потоа, таа ја објави својата одлука. Таа постави одредени правила во врската што нејзиниот иден партнер мора да ги почитува.

„Затоа што вистината е - ако ја сакаш мојата љубов, мора да ја заработиш. Мора да се однесуваш правилно, да ме почитуваш и да ме прифатиш таква каква што сум. Мора да ме сакаш ако ја сакаш мојата љубов“, подвлече Лопез, додавајќи:

„Не можеш да имаш љубов без скршено срце. Едноставно не можеш. Се согласуваш со тоа кога сакаш“, рече таа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата