Бибер сега објави значајна порака и предизвика нова лавина од гласини и загрижености.
„Јас сум само просечен човек полн со недостатоци. Сум правел работи што ги повредиле луѓето околу мене, и сè уште правам и кажувам работи што ненамерно ги повредуваат другите. Но, утрово се разбудив со уште една шанса да пораснам и да не бидам толку себичен“, напиша тој.
„Колку сум почесен, толку сум послободен“
Тој го започна вториот пост на сличен начин, велејќи дека мисли оти ќе биде „разоткриен“ ако им каже на другите колку е себичен. „Ако го признаев тоа, луѓето можеби нема да ме сакаат и нема да ми веруваат. Мислев дека ако бидам искрен за себичните работи што ги чувствував, ќе бидам дисквалификуван од моите соништа. Но, колку сум почесен, толку сум послободен“, заклучи Бибер.
Да ве потсетиме дека неодамна имаше информации дека пријателите на пејачот се загрижени за неговото „неконтролирано трошење пари“. „Праќа приватни авиони за да ги донесе пријателите на неговиот роденден, се фали со тоа на Инстаграм. Потрошил 300.000 долари на Коачела. Не работел долго време“, рекол извор близок до пејачот, наведувајќи дека Бибер троши повеќе пари отколку што тој всушност има.
Хејли беше на Мет Гала без него
На овогодинешната Мет Гала, тој не ѝ се придружи на сопругата Хејли, која прошета по црвениот тепих. Наместо тоа, Бибер ја помина вечерта дома гледајќи хокеарски натпревар, што дополнително ги разгоре гласините за брачни проблеми. После тоа, пејачот се огласи на Инстаграм и меѓу другото рече дека „љубовта не е награда“.
На почетокот на март, Бибер објави фотографии од себе како пуши нешто што личи на бонг додека седи на електричен велосипед, по што рече дека има „проблеми со гневот“ и дека не се сака себеси кога чувствува дека станува „неавтентичен“.