Доналд Трамп: Рекламата на Сидни Свини е фантастична

4.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Доналд Трамп: Рекламата на Сидни Свини е фантастична

Откако беше откриено дека актерката Сидни Свини е регистрирана како републиканка, американскиот претседател Доналд Трамп не го криеше своето воодушевување, особено во контекст на неодамнешната контроверзност предизвикана од нејзината реклама за фармерки „Американ Игл“.

Таа го избра Трамп

Според извештајот на „Гардијан“, ѕвездата од сериите „Еуфорија“ и „Бел Лотус“ се регистрирала да гласа во Флорида во јуни 2024 година и ја навела својата партиска припадност - Републиканската партија. Само неколку месеци подоцна, Трамп ја победи Камала Харис на претседателските избори.

„Таа е републиканец? Тогаш ми се допаѓа нејзината реклама!“, им рече Трамп на новинарите додека се качуваше во авионот „Ер Форс Уан“ во Алентаун, објавува „Дејли Бист“. „Ќе се изненадите колку луѓе се всушност републиканци. Не го знаев тоа. Но, сега кога знам дека Сидни Свини е републиканец - мислам дека рекламата е фантастична!“, додаде тој.

Трамп, исто така, објави на својата социјална мрежа „Truth Social“ „Сидни Свини, регистриран републиканец, ја има НАЈЖЕШКАТА реклама во моментов - за „American Eagle“, а фармерките летаат од полиците. Само напред, Сидни!“, напиша тој.

Извор: Индекс.хр

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата