Доли Партон во дует со Манескин снимија преработка на нејзина песна, стара 50 години (ВИДЕО)

20.11.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Доли Партон во дует со Манескин снимија преработка на нејзина песна, стара 50 години (ВИДЕО)

Преработката е снимена во време на објавувањето на нејзиниот нов албум Rockstar, но не е вклучена во албумот, туку може да се слушне во специјална верзија.

Судејќи според коментарите на социјалните мрежи, фановите се воодушевени.

„Доли Партон и Манескин? Ова е генијално“, „Сега ги сакаме Мајли Сајрус и Манескин“, „Ова е совршено“, „Момци, многу сум горд на вас“, се дел од коментарите на Инстаграм.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Dolly Parton (@dollyparton)

Сепак, има и такви на кои не им се допаднала оваа комбинација. „Оваа песна е уништена ако ја пее кој било, освен Доли Партон“, пишуваат тие.

Песната Јолена е еден од најголемите хитови на 77-годишната пејачка. Текстот на песната е за банкарска службеничка која флертувала со нејзиниот сопруг додека Доли била на турнеја.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата