Видео

ДНК и ТАСКО имаат одлично парче, се вика „ЛАВА“… А еве која ја глуми!

15.03.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДНК и ТАСКО имаат одлично парче, се вика „ЛАВА“… А еве која ја глуми!

„Лава“ е насловот на новиот сингл на ДНК и Таско, соработка потпишана од Панчо, Лазар Цветкоски и Таско.

Имено, музиката е заедничко дело на Панчо, Лазе и Таско, текстот е со потписот на Панчо и Таско, битот е на Hyper & Boksa, кои заедно со Лазе стојат и зад аранжманот, а токму во неговото студио и е снимена, мастеризирана и продуцирана темата.

Веќе стандардно песната излегува во исто време со спот за кој овојпат се погрижија Страхиња и Лео, malosamo & L. Firstner, едни од најбараните момци од соседството кога се во прашање музичките спотови. Видеото е снимано во Studio DVD PLUS/Дизајн на сценска техника.

Во кадрите освен момците се појавува и Миа Гирауд, девојката од филмот „Сестри“, првиот македонски филм што оди на Нетфликс, чие тело благодарение на вештите раце на Bijan Kovski е претворено во вистинско ремек-дело.

Во дел од видеото, кое ако се суди според фотографиите навистина ќе биде празник за очите, особено за машката публика, ја има и поранешната водителка Мелита Ракиќевиќ, која после подолго време во „жежок“ стил се враќа на малите екрани, како и Зорица Антиќ, Lоw Z една од најдобрите тверкерки на Балканот и моделите Ангела Грамосли и Јања Станојевиќ.

Направивме одлична соработка со Таско. Имаме супер звук и уникатно видео. Типуваме наЛаваи веруваме дека ќе предизвика вистинска ерупција кај нашата публика, велат Панчо и Андреј.

Тие велат така, а еве што се пее во рефренот: „Дали ќе имам среќа бејбеДа завршиме кај мене во креветДа ме гориш као лава бејбе (еј) Во јака поза 69… Дали ќе имам среќа вечерДа завршиме во кревет кај мене…“

Слушнете ја „Лава“:

;

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата