Дикаприо на потсмев поради капчето: Спушти се на земја, не сме во 90- тите (ФОТО

28.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дикаприо на потсмев поради капчето: Спушти се на земја, не сме во 90- тите (ФОТО

Имено, 50-годишниот актер беше фотографиран во петокот на островот Сан Џорџо Маџоре во пресрет на свадбата на милијардерот, а беше облечен во црн смокинг. Сепак, вниманието на јавноста најмногу го привлече црната капа на Лос Анџелес Доџерс, која речиси целосно му го покриваше лицето.

Додека Дикаприо чекореше кон церемонијата, неговата капа се чинеше дека паѓа сè пониско и пониско, очигледно во обид да го скрие својот идентитет. Сепак, обожавателите не беа измамени и брзо го критикуваа на социјалните мрежи, а имаше и неколку добри потсмевања.

„Изгледа глупаво“

„Внимание Лео: знаеме кој си“, му напиша еден, додека друг додаде: „Слези на земја Лео. Веќе не сме во 90-тите...“

„Изгледа глупаво“, „Се срами да го видат“, „Симни ја таа капа. Тука не продаваат хот-догови“, „Зошто се крие?“, „Мора да е ќелав“, „Вниманието треба да биде на младенците, ја украде претставата“ и „Дали навистина мисли дека неговото криење успеало?“, напишаа тие, а некои пронајдоа инспирација од сопствениот живот.

„Јас кога коментирам во живо на Love Island, но сакам да избегнам спојлери“ и „Јас кога конечно ќе соберам храброст да ја проверам состојбата на мојата сметка“, се некои од коментарите.

И додека Оскаровецот на крајот стана предмет за потсмев за некои интернет корисници, денот сепак беше посветен на Безос (61) и неговиот избраник Санчез (55), кој рече „Да“ пред некои од најголемите имиња во Холивуд.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата