Диди потплатил сведок, најдени лични белешки

19.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Диди потплатил сведок, најдени лични белешки

Тие велат дека тој се обидел да контактира со надворешни лица со пристап до телефоните на другите затвореници и тн. тринасочни повици. Според федералните обвинители, новособраните докази „укажуваат на јасен заклучок дека целта на обвинетиот е да ги уценува жртвите и сведоците“, за тие да молчат или да сведочат во корист за неговата одбрана.

Адвокатите на музичкиот моќник, пак, тврдат дека она што истражителите го заплениле во затворот во Бруклин е „материјал доверлив во односот адвокат - клиент“, вклучително и рачно напишаните белешки од Диди.

Обвинителството, исто така, тврди оти Диди користел комуникациска услуга за брзи повици, со цел да стигне до неовластени лица. За повикот со „Сведок-2“ и личните белешки на раперот, наводите говорат дека „обвинетиот ѝ платил на ’Сведокот-2’, откако таа ја објавила својата изјава“, тврдат обвинителите. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата