Девет илјади жени го тужеле „Дизни“, компанијата се согласила на милионска спогодба

26.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Девет илјади жени го тужеле „Дизни“, компанијата се согласила на милионска спогодба

Како дел од спогодбата, Дизни се согласи да ангажира економист за труд на три години за да го анализира билансот на плати меѓу вработените во Калифорнија со полно работно време, кои не се во синдикатот, под нивото на потпретседателот и да ги реши разликите во платите, рекоа трите адвокатски фирми кои ги застапуваат тужителите .

Тужбата првично беше поднесена од ЛаРонда Расмусен во 2019 година, откако дознала дека шест мажи на иста работа заработуваат значително повеќе од неа, вклучително и еден маж со неколку години помалку искуство кој заработува 20.000 долари повеќе од неа.

Околу 9.000 сегашни и поранешни вработени во оваа компанија на крајот се приклучиле на тужбата. „Дизни“ се обидел да ја спречи колективната тужба, но судијата во декември минатата година одлучил дека може да продолжи, рече Андрус Андерсон, една од тогашните адвокатски канцеларии.

- Силно ја пофалувам г-ѓа Расмусен и жените кои ја поднесоа оваа тужба за дискриминација против една од најголемите компании во светот. Тие ги ризикуваа своите кариери за да укажат на нееднаквоста во платите во Дизни, се вели во соопштението на Лори Андрус, партнер во адвокатската фирма Андрус Андерсон.

- Отсекогаш сме биле посветени на правично плаќање на нашите вработени и таа посветеност ја покажавме во текот на овој случај, и ни е драго што го решивме ова прашање - изјави портпаролот на компанијата за Ројтерс.

Тужбата била поддржана со анализа на податоците за човечките ресурси на Дизни од април 2015 до декември 2022 година, што покажало дека вработените жени во компанијата заработувале приближно 2 отсто помалку од нивните колеги мажи. Анализата ја спроведе Дејвид Нојмарк, професор на Универзитетот во Калифорнија Ирвин и експерт за економија на трудот.

Според адвокатите, спогодбата, која била поднесена пред судот во Калифорнија, сè уште бара одобрение од судијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата