Четкар има нова песна за ТОП енергија и за НОВ ДЕН (Видео)

18.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Четкар има нова песна за ТОП енергија и за НОВ ДЕН (Видео)

Познатиот џез и фанк музичар од Охрид Владимир Четкар деновиве го промовира новиот сингл со наслов „A New Day“ за кој сними интересно видео и тоа во родниот Охрид. Спотот е во режија на Бојан Симјаноски, а песната е комплетно аввторско дело на Четкар на кое тој е потпишан како композитор, аранжер, текстописец, диригент и изведувач (вокал и гитара).

Песната е снимена со жива инструментација во Чикаго во студиото ‘Electrical Audio’ на познатиот американски продуцент Стив Албини (познат по соработките со Нирвана, Лед Зепелин итн. ) и во ‘Hi Fi Studios’ во Милвоки.

Доколку се уште не сте ја слушнале темата, уживајтево неа и имајте на ум дека е нов ден, па нека биде убав:

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата