Брена неколку години не можеше да го најде вистинскиот купувач, а како што пишуваше барала дури 2,5 милиони евра за вилата и не се согласувала на помала сума, иако агентите ја советувале да ја намали цифрата, за што побрзо да ја продаде луксузната вила.
Како што дознава српски Телеграф, Брена и Боба успеале да најдат купец на вилата и тоа се најстариот син на Боба, Филип и неговата сопруга мегапопуларната млада пејачка Александра Пријовиќ.
„Александра и Филип решија да купат вила од Брена затоа што се емотивно врзани за неа. Филип порасна таму и таму ги поминаа своите најдобри денови. Покрај сентименталната вредност, таа вила е доволно пространа за да живеат со двете деца. Откако ќе се роди второто бебе, мајката на Прија ќе остане со нив почесто за да им помогне, па тие се решени да се преселат таму што е можно поскоро“.
Телеграф дознава дека Прија и Филип за овој имот ќе платат дури два милиони евра, а Брена била воодушевена тие да биодат идните сопственици на вилата на Бежанија.
„Брена беше воодушевена од идејата да им ја продаде куќата на Филип и Александра, па дури се согласила да ја намали цената, па наместо бараните 2,5 милиони евра, ќе ја продаде куќата за 2 милиони“, открива изворот.
Боба и Брена до крајот на годината треба да се иселат од вилата.
Филип и Прија сега имаат план да ја продадат куќата во која сега живеат, која исто така се наоѓа на Бежанијска коса.