Таа е поврзана со актерот од крајот на 2022 година.
Таа беше во брак со ѕвездата на The Vampire Diaries Пол Весли од 2019 до 2022 година. Инес и Пол се венчале на мала церемонија во 2019 година, а за време на нивниот краток брак не се појавувале многу често во јавноста. Нивниот развод бил финализиран на почетокот на оваа година, пишува Daily Mail.
Инес доаѓа од Њу Џерси, а дипломирала бизнис администрација на Универзитетот во Женева во 2013 година. Според нејзиниот профил на LinkedIn, од 2020 година работи како менаџер на големо во Anita Ko Jewelry, чии познати клиенти меѓу другите ги вклучуваат и Кортни Кардашијан и Хејли Бибер.
Работела и во други улоги во индустријата за накит и мода, вклучувајќи ги Кристи и де Грисогоно. Инес е полиглот бидејќи зборува англиски, шпански, француски и германски јазик. Покрај тоа, таа е и сертифициран здравствен тренер за интегративна исхрана.
Инес првпат била видена во јавноста со Бред на концертот на ирскиот музичар Боно во Лос Анџелес во ноември 2022 година. Тие го направија своето деби на црвениот тепих на 81-от филмски фестивал во Венеција со Џорџ и Амал Клуни на првата официјална проекција на филмот „Волци“.
Инес во Венеција се одлучи за бел фустан на едно рамо, сребрена чанта со светки и впечатливи обетки.
Де Рамон се преселила кај Бред во Лос Анџелес во февруари оваа година. Ова е прва сериозна врска на Бред по разводот со Анџелина Џоли. Оттогаш, работите станале посериозни бидејќи летото го поминале во Шато Миравал, француската винарија што актерот некогаш ја делеше со поранешната сопруга Анџелина Џоли.
Организаторите се погрижија поранешните сопружници да бидат разделени за да се избегнат незгодни ситуации, напиша Пејџ Сикс пред почетокот на фестивалот.
„Анџелина ќе биде присутна првиот ден, четврток, 29 август, а потоа ќе отпатува со режисерот на Марија, Пабло Ларен на филмскиот фестивал Телурид во Колорадо. Бред доаѓа во Венеција во сабота. Нема шанси нивните патишта да се вкрстат“, рече уметничкиот директор Алберто Барбера.
Анџелина, пак, во Венеција беше придружувана од раперот Акала, за кого веќе некое време се шпекулира дека ќе ѝ биде нов партнер. Станува збор за Кингсли Џејмс Меклин Дејли, со кого актерката се поврзува од крајот на минатата година.
Џоли и Акала ја чуваат својата врска од јавноста, но познато е дека тие веќе патувале заедно. Во мај минатата година тие ја посетија Јамајка, а на крајот на декември беа видени на вечера во луксузен ресторан во Милано.