Бред Пит „процвета“крај младата Инес де Рамон

12.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бред Пит „процвета“крај младата Инес де Рамон

Скромната и убава, Инес де Рамон, девојката на Бред Пит, повторно ги освои срцата на луѓето ширум светот. Таа се појави на црвениот тепих во волшебна, речиси нереална креација и му даде нота на романтика на целиот настан.

Љубовта меѓу Бред Пит и неговата девојка Инес де Рамон цвета. Тие се појавуваат заедно на големи настани и не е тајна дека славниот актер конечно ја пронашол среќата покрај неа. Викендов во Лондон се одржаа наградите „Albies“, а тие присуствуваа на овој гала-настан.

Сите присутни ги воодушевија со своите модни комбинации, особено прекрасната Инес, која зрачеше со чиста романтика.

За оваа прилика  таа избра нежен зелен фустан од тантела што ја истакнува нејзината витка фигура. Фустанот се одликува и со отворени раменици, што на целата креација ѝ даде женствена нота.

Што се однесува до Бред, тој избра црн смокинг, кој го надополни со пеперутка-вратоврска. Како вистински џентлмен, тој сакаше сите погледи на јавноста да бидат вперени кон неговата сакана.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата