Братот и сестрата на Бред Пит неверојатно личат на него, имаат и иста доблест (ФОТО)

25.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Братот и сестрата на Бред Пит неверојатно личат на него, имаат и иста доблест (ФОТО)

Братот и сестрата на оскаровецот се од бракот на Вилијам Пит, поранешен сопственик на камионска компанија и Џејн Пит, пензионирана училишна советничка. Бред е роден прв, во 1963 година, кога семејството сè уште живеело во Шони, Оклахома.

Кога Бред бил млад, семејството се преселило во Спрингфилд, Мисури, каде Даг е роден во 1966 година, а Џули во 1969 година. Бред на крајот се преселил во Холивуд, но остатокот од неговото семејство останале на Средниот Запад.

Даг повремено зборувал за својот брат во интервјуа, па дури и направи пародија како е да се биде брат на Бред во реклама, додека Џули отсекогаш била настрана од јавниот живот. Братот неодоливо потсетува на Бред, а сличностите се забележуваат и кај сестрата Џули.

Додека Бред беше ѕвезда во подем, Даг изгради кариера како претприемач, а Џули создаде семејство. И покрај нивните различни животни искуства, едно нешто што го споделуваат браќата и сестрата на Пит е нивната љубов кон филантропијата. Нивната мајка Џејн изразила восхит од филантропските напори на нејзините деца.

- Многу сум горда на сите мои деца. Без разлика дали тоа е катастрофата во Њу Орлеанс, во која Бред помогна, или сите работи во Танзанија што Даг ќе ги направи, или прекрасното, прекрасно дело на Џулија во Етиопија. Тоа е неверојатна работа - изјави мајката за WorldServe International уште во 2018 година.

Даг собра 750.000 долари за проекти за чиста вода во Танзанија и ја основа фондацијата „Care To Learn“, која се грижи за непривилегираните деца.

Тој решил да ја основа оваа фондација откако слушнал приказна за тоа како едно момче го исмејувале децата на училиште затоа што ги носел панталоните на мајка му бидејќи немал пари за нови.

Кариерата ја започнал во компјутерска компанија и се уште се занимава со тој бизнис, а американските медиуми пишуваат дека е многу успешен и заработува нешто помалку од својот постар брат, па се проценува дека богатството на Даг е 240 милиони долари.

- Да им се помага на луѓето е забавно, а јас уживам во тоа - изјави тој во „The Mystery Show“ во 2015 година.

Сите тројца се занимаваат и со проблемот со водата за пиење. Даг беше именуван за амбасадор на добра волја на Танзанија во 2010 година, откако беше вклучен во многу проекти за зголемување на пристапот до чиста вода во земјата, додека Џули е амбасадор на вода за WorldServe International, каде што Даг е во одборот.

Непрофитната работа на Џули започна кога отпатувала во Етиопија откако посвоила две момчиња од таа земја. Таа, исто така, почнала да работи на пристап до чиста вода во регионите каде што се родени нејзините деца.

Џули и нејзиниот сопруг сега имаат и одгледуваат пет деца, таа, исто како и Бред, посвоила деца и добила свое биолошко.

Џули вложи огромни напори да го одржи својот живот што е можно понормален. За тоа придонесе и фактот што Бред не се појавува на ниту една нејзина семејна фотографија, но секако тоа не значи дека се во лоши односи.

Бред, братот и сестрата, исто така, се здружија во 2009 година за да донираат 1 милион долари во болница во Мисури за да отворат ново крило именувано по нивната мајка. Објектот се нарекува Центар за педијатриски рак на Џејн Пит и е создаден за да го вработи првиот педијатриски онколог и хематолог во југозападниот регион Мисури, пишува Пипл.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата