На една ромска свадба во околината на Белград, на која пееле и Цеца и Аца Лукас, се блескало од сјај и гламур, а родителите на младенците не штеделе на ништо.
Најголем шок и изненадување предизвикала огромната торта која повеќе личела на „солитер“. Како што неофицијално дознаваме, тортата тежела половина тон, а за нејзината изработка работела целата екипа на една слаткарница. Ако се суди според цените на веб-страницата, излегува дека тортата чинела нешто повеќе од 7.000 евра, без украси.
Тортата била висока пет ката, висока повеќе од метар и половина и со пречник од речиси метар.
Семејствата на младенците вложиле огромна сума на пари за гала прославата на која присуствувале околу 1.500 гости. а не се штедело ни на музиката – Цеца наводно за еден час зела околу 50.000 евра. Таа се појавила по полноќ, ги испеала најголемите хитови, а потоа по неа на сцена излегол Аца Лукас, кој наводно зел 30.000 евра. „Домаќин“ на венчавката бил Бора Сантана, кој покрај хонорарот земал и добар бакшиш.