Блејк Лајвли откри дека ѝ е тешко да го гледа сопругот Рајан во интимни сцени: Тоа е измачување

23.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Блејк Лајвли откри дека ѝ е тешко да го гледа сопругот Рајан во интимни сцени: Тоа е измачување

Таа се присети на една непријатна ситуација која ја доживеала за време на летот со нејзината ќерка Џејмс.

„Сите во авионот сакаа да го гледаат Дедпул, сите. Тоа беше тортура. Секаде каде што погледнав, на секој екран го прикажуваше мојот сопруг во интимни сцени со друга жена. Потоа ќерка ми погледна во екранот и почна да мава по Рајан бидејќи мислеше дека е како FaceTime“, сподели 36-годишната актерка.

Инаку, Дедпул е филм од 2016 година со Рајан Рејнолдс во главната улога.

Неодамна актерката го откри правилото кое таа и нејзиниот сопруг секогаш го следат за да ја задржат искрата во бракот.Тие многу јасно ставија до знаење дека нема да дозволат Холивуд да влијае на нивниот љубовен живот.

И покрај зафатените распореди, парот рече дека никогаш не работат во исто време и тоа го прави нивниот брак посилен. Додека гостуваше во Further Ado, ѕвездата од Gossip Girl објасни дека иако работата е важна за неа и нејзиниот сопруг, тие никогаш не сакаат да се испречи меѓу нив.

За потсетување, Блејк и 47-годишниот Рајан имаат еден од најхармоничните холивудски бракови. Тие се познати по тоа што често се задеваат на социјалните мрежи. Заедно имаат четири деца, од кои три ќерки - Џејмс (9), Инез (7) и Бети (4). Името и полот на четвртото дете се уште не се откриени.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата