Били Ајлиш претпочита да работи сама

23.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Били Ајлиш претпочита да работи сама

 Таа, вели, нема намера да го менува својот вообичаен начин на снимање музика за никој од нејзините соработници. Така, кога се согласила да биде гостинка на преработката на песната „Guess“ на британската пејачка Чарли Екс-си-екс, Ајлиш остана доследна на своите правила.

- Финеас и јас само седнавме во студиото и го напишавме тоа. Тоа беше мојот сон... А, тоа е да немам контакт со никој друг. Дури и ако тоа е некој со кого сум многу блиска. Дури и со луѓе кои длабоко ги сакам како уметници, ако сакаме да работиме заедно, јас би рекла: „В ред, оди си дома. Јас сама ќе направам нешто. И ти сама ќе сработиш нешто.“ Потоа ќе го испратиме и ќе работиме на тоа одделно, изјави таа за „Комплекс“ (Complex).

Пејачката отсекогаш ја пишувала и снимала музиката - дома или во студио, со брат ѝ Финеас.

Иако работеа посебно, Били и Чарли го завршија ремиксот за вкупно помалку од една седмица, вклучувајќи го и снимањето на музичкиот видеоспот. Производот го објавија неколку дена подоцна. Песната стана огромен хит во август, и е на врвот на топ-листите во Велика Британија и Австралија. Моментно се номинирани и за „Греми“ во категоријата „Најдобро поп-дуо / групна изведба“ за оваа песна. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата