Бијонсе се засрами среде настап- ѝ паднаа панталоните (ВИДЕО)

6.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бијонсе се засрами среде настап- ѝ паднаа панталоните (ВИДЕО)

За време на нејзината прва вечер од шест концерти во Лондон, 43-годишната пејачка настапи во златен костим, а додека ја пееше „I'm That Girl“, ја крена ногата и во еден момент ѝ паднаа панталоните на подот. Погледнете го видеото.

Пејачката брзо се снајде и, додека имаше музичка пауза, ги спушти рацете и ги крена панталоните. Кога повторно се исправи, се насмевна и ги нишаше колковите, создавајќи беспрекорна кореографија додека фановите плескаа и ја бодреа. Еден од нејзините танчери брзо дотрча и ѝ ги закопча панталоните додека поп-ѕвездата продолжи да пее.

„Танчерите заслужуваат совршена десетка“

Корисниците на „Тиктокер“ го коментираа незгодниот момент, и освен што ја пофалија реакцијата на пејачката, коментираа и за професионализмот на нејзините танчери.

„Танчерите заслужуваат десетка! Начинот на кој се вратија во ред без грешка! Воа“, „Шоуто мора да продолжи! И танчерите веднаш скокнаа и сѐ вратија во ред!“, „Панталоните имаа своја кореографија во ритамот“ и „Искрено, ова дури и не изгледа како грешка. Ја обожавам“, се некои од коментарите на обожавателите.

@jortvandenberg Beyonce pants drop #flop #error #cowboycarter #london @Beyoncé ♬ origineel geluid - jortvandenberg459

Европската етапа од турнејата на Бијонсе „Каубој Картер“ ќе заврши во Париз на 26 јуни. Потоа, таа ќе се врати во САД, каде што ќе настапи во Хјустон, Вашингтон и Атланта, а турнејата ќе заврши во Лас Вегас на 26 јули.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата