Бијонсе се прости од Тина Тарнер: Моја сакана кралица, те сакам бескрајно

25.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бијонсе се прости од Тина Тарнер: Моја сакана кралица, те сакам бескрајно

Од неа се збогуваат бројни колешки од музичкиот свет, меѓу кои и Бијонсе, за која Тина беше еден од најголемите идоли и модели.

Среде нејзината турнеја „Ренесанса“, Бијонсе објави емотивна порака на својата веб-страница посветена на Тина.

-Моја сакана кралица, те сакам бескрајно. Многу сум благодарна за твојата инспирација и за сите начини на кои ни го трасираше патот. Ти си сила и издржливост, ти си олицетворение на моќта и страста. Сите ние сме толку среќни што бевме сведоци на твојата добрина и прекрасен дух кој вечно ќе живее – напиша Бијонсе.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата