Бајага фатен со НОВАТА ДЕВОЈКА! Еве како изгледа

18.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бајага фатен со НОВАТА ДЕВОЈКА! Еве како изгледа

Музичарот Момчило Бајагиќ – Бајага не сака да се експонира пред медиумите и се труди својот приватен живот да го држи подалеку од очите на јавноста, но не секогаш успева. Имено, музичарот бил фотографиран од случаен минувач и објавен на социјалната мрежа Х, по што фотографиите масовно почнале да се споделуваат.

Момчило со новата девојка возел велосипед во сосема лежерен стил, игнорирајќи ја околината. Делувал намуртено, додека со новата девојка го туркал својот велосипед на блага угорнина, а како што понатаму се наведува во објавата, случаен минувач не сакал да го фотографира него, туку знамето кое се вее зад него, додека сосема случајно го фатил Бајага.

Да потсетиме, јавноста ја дозна веста дека Бајага се развел од сопругата Емилија по 33 години брак. По медиумскиот молк на социјалната мрежа Фејсбук тој самиот откри дека ставил точка на бракот.

– Иако не сум приврзаник на јавното мислење и тоа дека низ жолтиот печат протекуваат работи од приватниот живот… иако веројатно сите веќе знаете… Па да се огласам и јас. Официјално разведен! – откри тогаш на Фејсбук.

Екипата на емисијата „Папарацо лов“ неодамна го фати пејачот пред зградата во која живее, а понатаму се наведува дека парот живее заедно, а својот луксузен имот во Сењак Бајага го продал за 700.000 евра.

Неговата партнерка не и е позната на јавноста.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата