Лукас имал температура над 40, но и покачен CRP (протеин во крвта кој реагира со растот во случај на акутен воспалителен процес во телото), пренесува Телеграф.
По прегледите, пејачот денеска го напуштил Ургентниот центар, а според споменатиот портал, пејачот наводно имал проблеми со бубрезите и простатата.
Неколку пати од Телеграф се обиделе да контактираат со пејачот за да ги потврдат овие наводи, но тој ги одбил повиците и не одговарал на пораките.