Аријана Гранде има главна улога во популарен мјузикл, објавена е и најавата (ВИДЕО)

12.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аријана Гранде има главна улога во популарен мјузикл, објавена е и најавата (ВИДЕО)

Wicked веќе 20 години е еден од најпопуларните мјузикли на Бродвеј, каде заработи преку милијарда долари, а сега за прв пат доаѓа на големото платно.

Добитникот на Еми, Греми и Тони, Ериво во филмот ја играше младата жена Елфаба, која е осудена од општеството поради зелената кожа. Елфаба оди на Универзитетот Шиз во магичната земја Оз, каде ја запознава популарната Глинда, која ја игра Гранде.

Глинда и Елфаба брзо стануваат најдобри пријателки, но нивните патишта почнуваат да се разминуваат по судбоносната средба со Волшебникот од Оз. Филмот ќе покаже како Глинда била запаметена како Добрата вештерка од северот, а Елфаба како Злобната вештерка од Западот.

Заедно со Ериво и Гранде, актерската екипа ги вклучува холивудските и Бродвејските ѕвезди: Мишел Јео, Џонатан Бејли, Итан Слејтер, Мариса Боде и Џеф Голдблум.

Филмот е режиран од познатиот режисер Џон М. Чу, познат по Crazy Rich Asians и In the Heights. Wicked е напишана од Стивен Шварц и Вини Холцман.

Филмот Wicked е поделен на два дела - првиот дел ќе биде премиерно прикажан на 27 ноември оваа година, а вториот дел ќе се појави во кината во 2025 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата