Антонио Бандерас си ја урна куќата во Малага- била дивоградба, регистрирана како тоалет

17.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Антонио Бандерас си ја урна куќата во Малага- била дивоградба, регистрирана како тоалет

По неколку години судска постапка, Бандерас ја извршил судската наредба за да се реши нередовната ситуација во која се наоѓал имотот, изјавиле општински извори за Ефе.

Градежната дозвола за куќата на Бандерас, изградена во 1995 година, била нелегална и последователна одземена, бидејќи куќата „Ла Гавиота“ била изградена на парцела класифицирана како „санитарен објект“.

Во 2008 година, Врховниот суд на правдата на Андалузија ја отфрлил жалбата на Бандерас против судскиот налог од 2003 година за уривање на куќата.

Судот изјавил дека нема причина да се укине оваа пресуда, пренесува шпанската агенција.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата