Алек Болдвин објасни зошто нема да го гледа филмот Раст,на чие снимање ја застрела снимателката

27.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Алек Болдвин објасни зошто нема да го гледа филмот Раст,на чие снимање ја застрела снимателката

Алек не беше присутен на премиерата. Актерот, кој е и ѕвезда на филмот, изјави дека не ја гледал финалната верзија на филмот и не планира да ја гледа.

Иако не го гледал филмот, сакал да биде објавен за да им ги врати парите на инвеститорите. Тој исто така изјави дека се надева дека сопругот на Халина, Мет Хачинс, ќе може да профитира од филмот.

„Не сум ја гледал финалната верзија на филмот и не планирам. Но, се надевам дека ќе биде објавен, дека парите ќе им бидат вратени на инвеститорите. Никогаш не сакате луѓето кои веруваа во вашиот проект да бидат оставени на цедило, се надевам дека филмот ќе помине добро и дека Мет ќе ги добие своите пари .“

Болдвин истакна колку е тешка целата ситуација за него и неговото семејство, поради што нема да го гледа филмот.

"Ова е очигледно најтешкото нешто со кое сум се соочил во мојот живот. Освен самите жртви, најмногу ме боли тоа што ѝ беше направено на мојата сопруга. Се обидуваме да се извлечеме од овие работи бидејќи филмот засекогаш ќе остане во сенка на тоа“, рече тој. Инаку, сопругата на Алек, Хиларија, била нападната од луѓе на Интернет откако Алек ја убил камерманката.

Ова лето Болдвин беше ослободен од обвиненијата за убиство од небрежност. Судијката Мери Марлоу Сомер го отфрли обвинението во јули, велејќи дека обвинителите и полицијата не успеале да го докажат потеклото на куршумот што ја уби Хачинс. Хана Гутиерез, одговорната за оружјето на сетот, е осудена на 18 месеци затвор поради погрешно поставување на вистински куршум, кој Болдвин го употребил за време на снимањето.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата