Актерот Војин Четковиќ и го фрлил телефонот на новинарка пред Ургентниот центар

26.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Актерот Војин Четковиќ и го фрлил телефонот на новинарка пред Ургентниот центар

 Четковиќ пристигнал видно загрижен, а новинарска екипа која била на лице место го снимила актерот пред Ургентниот центар. На изненадување на сите присутни, Четковиќ бурно реагирал и пришол на новинарка и и го одзел телефонот од рака.

- Тоа е мој личен телефон, врати ми го телефонот. Немате право да ми го земете телефонот – му рекол новинарката на видно нервозниот актер Војин Четковиќ, пренесува Телеграф.

Истиот портал наведува дека актерот потоа тргнал кон камерманот.

- Од каде си?! Кој си ти?! – го праша актерот снимателот на Телеграф, а потоа и се обратил и на полицијата и побарал помош.

Инаку, Војин веднаш пристигнал во Ургентниот центар во Белград откако дознал за тоа дека неговата сопруга актерката Слобода Миќаловиќ била нападната и повредена од жена во Земун во физичка пресметка.

Според дел од српските медиуми, актерката и жената се степале на плоштадот Караѓорѓев во Земун. Актерката наводно го управувала возилото, кога се движела напред, со предниот дел од автомобилот удрила во С.Д. во пределот на коленото, што довело до вербален, а потоа и физички конфликт.

Расправијата прераснала во физичка пресметка по која двете жени биле повредени.

Како што неофицијално дознава српскиТелеграф, кај С.Д. по пристигнувањето на полицијата било утврдено присуство на алкохол во крвта.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата