Милош Биковиќ и неговата девојка Ивана Малиќ го очекуваат своето прво дете.
Веста ја објави „PulsOnline.rs“, повикувајќи се на ексклузивни информации.
Актерот е во долгогодишна врска со убавата Ивана, а веста за бременоста, како што дознава овој портал, со месеци се криела од јавноста.
Убавата Ивана е во поодмината бременост.
Таа се чувствува одлично за време на бременоста, а тие се пресреќни што наскоро ќе станат родители.
За потсетување, Милош Биковиќ за прв пат ја претстави својата избраничка пред јавноста на премиерата на филмот „Јужен ветер 2 – забрзување“ во 2021 година.
Неодамна во медиумите се пишуваше и шпекулираше дека мегапопуларниот актер дека годинава ќе стапне на „лудата камен“ и дека во Ивана нашол се што барал. Тие двајца често патуваат заедно, секогаш кога работата на Милош тоа го дозволува.
Инаку, младата Ивана потекнува од Црна Гора и е адвокатка.
Ивана и Милош се во хармонична врска веќе две години, а од почетокот на нивната љубов се под лупата на јавноста, па во порталите се појавија секакви информации поврзани со нив.
Милош Биковиќ по медиумските шпекулации дека тој и Ивана ќе станат родители се огласи на социјалните мрежи и потврди дека неговата девојка е бремена.
– Среќни сме што наскоро ќе станеме родители. Ова е важен, веројатно најважниот момент во нашите животи. Засега не сакавме да го откриеме, но папараците не доведоа во ситуација да немаме избор. Ви благодариме на сите за убавите зборови и честитки, а ги молиме медиумите и новинарите да ја почитуваат нашата одлука и интегритетот на нашиот приватен живот. Кога ќе сакаме да разговараме на оваа тема, секако ќе ве контактираме – напиша Биковиќ.