Парот никогаш не го официјализира својот однос, а сè уште во нивната љубовна врска постојат „искри“.
Холивудската актерка Голди Хоун, позната по својот ведар дух и врската долга повеќе од четири децении со актерот Курт Расел, откри една неочекувана, но искрена тајна на нивната 40-годишна љубов. Имено, ако треба да судиме по нејзините зборови, тајната на нивната повеќедецениска врска е токму добриот се*с.
Голди Хоун (78) на неодамнешната хуманитарна вечера за нејзината фондација „MindUP“, отворено проговори за тоа што ја одржува нивната врска сите овие години. Додека Голди и Курт (73) разговараа со новинарите од „Е! News“, актерката ја истакна важноста на интимноста во врската.
- Мора да имате добар сe*с. Интимниот однос е нешто што ги поврзува партнерите и создава поголемо чувство на припадност. Луѓето кои имаат здрави сексуални односи имаат тенденција да траат многу подолго. Меѓутоа, не е работата само во се*сот, туку и во топлината и интимноста што ја создава – истакна актерката, а за тоа пишуваше и „Пипл“.
Овој пар е познат по тоа што е во врска од 1983 година, заедно делат четири деца. Оливер и Кејт Хадсон се деца од претходниот брак на Голди со Бил Хадсон, додека нивниот син Вајат Расел е заедничко дете. Курт го има синот Бостон од претходниот брак.
Покрај интимноста, Голди истакна дека долгогодишните партнери мора да го прифатат фактот дека се различни личности.
- Не размислувате секогаш на ист начин. Мора да го прифатите тоа, но и да се запрашате: Дали ни е забавно? Дали навистина го сакаме ова? Дали се смееме заедно? Дали делиме исти интереси? Нема потреба да делиме сè, но важно е навистина да ја сакате личноста со која сте – заклучила таа.
Курт даде свое мислење за тоа што ги прави успешни долгорочните врски.
- Повеќето парови, после толку години, поминале низ речиси сè што постои - и подеми и падови. Разбираме што значи да се биде заедно. Ми се допаѓа што се запознавме и што и понатаму уживаме еден со друг. Сè уште сакаме да бидеме заедно – додаде тој.
Голди и Курт, иако не се во брак, станаа симбол на долготрајна љубов во Холивуд, докажувајќи дека почитта, смеата и, како што вели Голди, „добриот с*кс“ се совршениот рецепт за среќна врска.