Ѓокче Бахадир и Али Сунал судбоносното „да“ го изговориле во 2011 година, но љубовната идила траела само една година, по што следел развод.
– Стапивме во брак од голема љубов, но одлучивме да се разделиме бидејќи нашите патишта се разминуваа – изјави тогаш Бахадир.
За вистинските причини за разводот долго време се шпекулираше, а извори блиски до актерката во јавноста изнесоа шокантни тврдења. Тие открија дека бракот со Али се распаднал откако тој ја фатил сопругата „на дело“ со својот татко, познатиот актер Кемал Сунал, кој подоцна починал.
– Починатиот Кемал беше голем заводник. Тие двајца започнале афера само неколку дена откако ѝ станал свекор. Меѓу нив постоела фатална привлечност, на која не влијаела ниту разликата од 30 години – открил тогаш извор близок до актерката.
Како што пишуваа турските медиуми, Али бил на пат кога неговата сопруга се забавувала со свекорот. Се вратил дома два дена порано од планираното, без претходно да ја извести, бидејќи сакал да ја изненади. Но, изненадувањето го дочекало него – уште на влезот го забележал автомобилот на татко му, а кога влегол во куќата, ги затекнал двајцата голи како гледаат телевизија, пишува Блиц.
Али Сунал ја пронашол среќата покрај сопругата Назли Курбанзада, со која е во хармоничен брак од 2018 година. Тие се родители на две ќерки.