На тој начин, бендот им се придружува на другите изведувачи кои се нашле на официјална паричка. Во серијалот „Музички легенди“ на Кралската ковачница се прославија и „Квин“ (Queen), Елтон Џон и Дејвид Боуви. Изработен од уметникот пријател на „Ајрон мејден“ - Алберт „Акирант“ Квирантес, дизајнот на новите монети ја прикажува маскотата на составот - „Еди“, во динамична поза, но има и многу скриени детали.
- Дизајнирањето на паричката на „Ајрон мејден“ беше еден од највозбудливите проекти во мојата кариера... Сокрив неколку референци во дизајнот што вистинските обожаватели ќе уживаат да ги откријат, вклучувајќи суптилни алузии на класични уметнички дела од албуми и нивните најомилени песни, изјави уметникот.
Ребека Морган, одговорна за специјални монети во Кралската ковачница, истакна дека „Ајрон мејден“ се бестрашните пионери во музиката.
- Веејќи го знамето на Британија низ целиот свет половина век... Нивната креативна визија, моќните настапи и посветената публика им обезбедија место како еден од највлијателните британски бендови. Оваа монета е совршена фузија на „метал и метал“, па очекуваме дека ќе се покаже како колекционерско парче коешто ќе биде многу барано и од нумизматичарите и од страсните рок фанови, нагласи таа.
Монетите се достапни за купување од Кралската ковачница од 8:00 ч. утрово, во златни, сребрени и брилијантни изданија. Чинат од 18,50 фунти (за брилијантната монета од 5 фунти којашто ќе биде за вон оптек) дo 29,50 фунти за парчките во боја. Колекцијата вклучува и златна монета од 200 фунти, којашто чини 6.940 фунти.