Адел објави дека паузира од музиката: „Немам планови“

17.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Адел објави дека паузира од музиката: „Немам планови“

 „Воопшто немам планови за нова музика“, изјави Адел во интервју за германски ZDF.

"Сакам голема пауза после сето ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време. Знаете, воопшто не пеам дома. Колку е тоа чудно?" изјави пејачката.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Adele (@adele)

Инаку, Адел го започна своето шоу Викенди со Адел во Вегас, поточно во Цезар Палас, во ноември 2022 година, а нејзиниот последен настап е закажан за 23 ноември 2024 година.

Адел искрено зборуваше за своето искуство со славата, признавајќи дека и недостига анонимниот живот пред да стане славна. "Не сакам да бидам славна. Сакам да правам музика и ми се допаѓа тоа што луѓето ја прифаќаат, но не ја сакам славата. Ми недостига животот пред славата", вели таа.

Да потсетиме, Адел во февруари мораше да одложи десет концерти во Лас Вегас поради здравствени проблеми.

 „За жал, морам да се смирам и да се одморам од моите концерти во Вегас“, ја започна таа објавата на Инстаграм. Докторот и рекол дека треба да ги одложи концертите, што и го направила.

Извор: Индекс.хр

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата