Француската филмска ѕвезда Жерар Депардје во вторникот пред судот признал дека ја грабнал за бутовите жената која го обвини за сексуален напад, но нагласи дека тоа не е напад, додавајќи дека сите груби коментари и ги дал затоа што бил нерасположен.
Иконата на француската кинематографија, Депардје (76) се соочува со се поголем број на обвинувања за сексуално вознемирување во последните години. Тој ги отфрли сите обвиненија, а ова е прв случај за кој му се суди.
„Ја фатив за бутовите“, рекол Депардје, признавајќи за прв пат физички контакт со филмската сценографка Амели К., додавајќи дека тој не и кажал на полицијата кога го испрашувала.
„Ја фатив за бутовите за да не паднам бидејќи бев многу вознемирен поради неа, поради жештините, беше петок при крајот на снимањето и бев многу уморен“, рекол актерот.
Збунет и често отстапувајќи од темата, Депардје пред судот објаснил дека е лут на Амели К. поради нејзината работа. Рекол дека таа лошо ја завршила работата, поради што била шокирана.
„Не гледам зошто би пипкал жена“, изјавил тој пред судот, додавајќи дека во тоа време бил толку дебел што некои од работите за кои е обвинет би биле невозможни.
Непријатните коментари што тој ги дал во тоа време не биле насочени лично кон неа, реколј, туку се однесувале на нејзината работа.
Судењето, кое се очекува да трае најмалку три дена, првично требаше да се одржи минатиот октомври, но беше одложено поради лошата здравствена состојба на Депардје. Започна во понеделникот.