Пејачот Бојан Томовиќ распалил по Јелена Карлеуша во едно од неговите неодамнешни интервјуа.
Пејачката Јелена Карлеуша е позната како некој кој безобразно ги коментира сите случувања на јавната сцена, но и нејзините колешки со кои има јасно поделен однос.
Со едни е добра, со други воопшто нема односи, а сега за неа свое мислење се изјасни и пејачот Бојан Томовиќ. Изведувачот на хитот „Blue Motorola“ жестоко ја извика својата колешка, спомнувајќи ја Светлана Цеца Ражнатовиќ, но и раперот Канје Вест со кој Јелена сака дует.
Ја нарече „прашина“ и „воздух“, а и посочи дека е „гаден и згрозен“.
„Јелена Карлеуша неодамна рече дека на телевизија нема место за ментално болни. Па јас реков – од каде па ти жено на телевизија? Мислам, 30 години сте опседнати со Цеца Ражнатовиќ, за вас жената е мегаѕвезда.Сакаш дует со Канје Вест кој го призна тоа биполарно како мене. Не е грип,тоа ти е хормонално пореметување во мозокот. Сакаш дует со него и велиш дека ментално болните не можат.. .Па што си ти? Тоа го доживеав како дискриминација, а потоа ми се згрози. Да ја сретнев ќе поминев покрај неа. Знаеш кога велат ‘воздух’?Воздух се вдишува. Прашина се игнорира. Пих прашина“, рекол меѓу другото Томовиќ.
Јелена Карлеуша се уште не одговорила на овие повици.