Звонимир Бобан официјално се врати во Динамо

13.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Звонимир Бобан официјално се врати во Динамо

По децении надвор од клубот, Звонимир Бобан предмалку и официјално се врати во Динамо Загреб. Иконата на хрватскиот фудбал се враќа дома, во матичниот клуб, откако мина години и години како функционер на УЕФА, на ХНС, на Милан, за да еве сега станува дел од раководните структури на клубот од Максимир.

Ова се случува во многу деликатен момент за Динамо. Клубот е во резултатка, но очигледно и организациска криза и по години доминација многу веројатно дека сезонава титулата нема да биде освоена.

Тренерите на Максимир се менуваат како на лента, а смена имаше пред само неполна недела.

Токму затоа, потребена е свежа крв во клубот, а на огромно задоволство пристигнува Звонимир Бобан. Клубот на својата официјална страница ја потврди оваа информација со назнака дека Велимир Зајец, првиот човек на клубот, лично стои зад овој потег.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата