Така тоа го прават тие што најдобро го разбираат фудбалот. Еден од нив секако дека е Зинедин Зидан, легендарниот Французин кој сега е селектор на „триколорите“. Тој смета дека Лео Меси е најдобриот на сите времиња, и рече дека и оваа година би му ја доделил Златната топка. Зидан, поранешен играч и тренер на Реал Мадрид, исто така рече дека би гласал за Меси 100 пати доколку може. Тој се натпреварува на највисоко ниво на 39 години, тврди Зидан.
„Луѓето не разбираат колку е неверојатно што Меси е сè уште меѓу најдобрите играчи во светот на 39 години. Не би ме изненадило ако Меси ја освои Златната топка. Ако има некој што не разбира кој е најдобриот играч на сите времиња, тоа се луѓето што не го разбираат фудбалот“, објасни Зидан.
Меси не е меѓу фаворитите за освојување на Златната топка. Тој игра за Интер Мајами, во американската МЛС лига, со кого го освои Купот минатата година. Оваа година со својата репрезентација на Аргентина стигна до финалето на Светското првенство, но не го одбрани златото, кое отиде во Шпанија. Меси веќе има освоено осум Златни топки. Тој беше и победник на Светското првенство со Аргентина во 2022 година и освои четири Лиги на шампиони со Барселона. Тој одигра 207 натпревари за Аргентина, постигнувајќи 125 гола. Неговиот договор со Интер Мајами е важечки уште две години.

