Жоап Педро го „лансираше“ Челзи во финалето на Светското клупско првенство

8.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жоап Педро го „лансираше“ Челзи во финалето на Светското клупско првенство
фото: Chelsea (X)

Новото засилување на Челзи, Жоао Педро, со два гола го однесе лондонскиот состав во големото финале на ФИФА Светското клупско првенство во САД. Вечерва во Њујорк, лоднонските „сини“ покажаа дека полека изградија силен состав кој следната сезона и на домашната и на европската сцена ќе влезе со големи амбиции.

Челзи многу подобро го отвори мечот и успеа да го притисне противникот во својата половина. До првиот гол се чекаше само 18 минути, кога Жоао Педро го постигна својој дебитантски погодок во дресот на Челзи. Со овој резултат се замина на одмор, по што во вториот дел за многу кусо време видовме уште еден во мрежата на Бразилците.

По асистенција на Енцо Фернандез, Жоао Педро во 56. минута и вторпат го матираше голманот на Флуминензе и го однесе Челзи до висока предност, која на крајот се покажа и како клучна за место во големото финале.

„Сините“ се га преостанува да го почекаат исходот на утрешната мега пресметка меѓу ПСЖ и Реал за да го добијат ривалот во мечот за светската круна.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата