Чаби Алонсо може да биде задоволен. Вечерва на гости кај Фулам, неговиот Челзи успеа да слави со 2:3 и со тоа Шпанецот да тргне победнички на клупата во новата сезона на некогашниот европски првак.
Интересно е тоа што “сините“ успеаја да поведат уште во 32 секунда со голот на Жоао Педро, и потоа им беше полесно да ги контролираат настаните на теренот.
Сепак домашните преку Кинг во 23.минута израмнија на 1:1, за да Роџерс во самиот финиш на првиот дел одново донесе водство за Челзи, па така со тие 1:2 се замина на одмор.
И само што започна второто полувреме, Кол Палмер се запиша во листата на стрелците за 1:3.
Гарсиа ги постави конечните 2:3 во 54.минута. До крајот и двете екипи имаа свои шанси, но сепак на крајот трите бода беа за гостите, за тимот на Чаби Алонсо.

