Здравковски го доби „македонскиот“ дуел во Шкотска

20.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Здравковски го доби „македонскиот“ дуел во Шкотска
ФОТО: x.com/Motherwell FC

Мадервил го совлада Данди Јунајтед со 2:1 и се пласира во полуфиналето на шкотскиот Лига куп. Тоа е интересен меч бидејќи на едната страна играше Давор Здравковски, а за гостинската екипа Давид Бабунски и Кристијан Трапановски.
Поведе Мадервил со гол на Робинсон во 45 минута. Во 83 минута изедначи Молт. Во 90+3 минута погоди Милер за победа на Мадервил. Трапановски имаше две убави шанси во првите 30-тина минути од мечот но не постигна гол.
Инаку Здравковски го одигра целиот меч за Мадервил, додека Трапановски беше заменет во 58 минута, а Бабунски во 73. минута.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата