Заминување од Челзи по цели 18 години

20.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заминување од Челзи по цели 18 години

Тренерот на голманите на Челзи, Енрике Хиларио по цели 18 години ќе го напушти Стенфорд Бриџ. Поточно, ќе се приклучи на стручниот штаб на Томас Тухел, кој што од 1 јануари е на чело на репрезентацијата на Англија.

Хиларио пристигна во Лондоно сега веќе далечната 2006 како трет голман зад Петер Чех и Карло Кудичини.

Во 2014 година ја заврши играчката кариера и се префрли на клупата. Беше во стручниот штаб на Антонио Конте, па на Маурицио Сари, па потоа на Томас Тухел. Германецот инсистираше на соработка со него и во иднина, а Челзи не се согласи да го „дели“ Хиларио со националниот тим на Англија. Па така, ја прекина соработката со него и шпанецот од Нова година ќе има и ново работно место. 

 

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата