Дали историјата ќе се повтори? Имено во 1/2 финалето во Лигата на Шампионите се Барселона – Интер и ПСЖ – Арсенал. Значи по првпат после пет години во оваа фаза ги нема Реал Мадрид и Пеп Гвардиола.
Ова се случи во 2020 година кога на “Ковид турнирот“ во Лисабон, Баерн Минхен во финалето го победи ПСЖ со 1:0 и тоа со голот на Кингсли Коман.
Знаете ли кој тогаш беше тренер на “баварците“?
Тоа беше Ханси Флик, сегашниот стратег на Барселона. Тој се радуваше на пехарот. Затоа прашуваме дали историјата ќе се повтори.
Многу лесно може да се случи Флик, сега како тренер на Барса во финалето за ривал да го има ПСЖ и повторно да го победи.
Инаку Флик е тренер кој никогаш нема доживеано пораз во едно финале, дали во ЛШ или во некој Куп или Суперкуп.