Трансферот на Ник Волтемаде од Њукасл во Јувентус е пред реализација, а според германски „Билд“, останува да се завршат само формалностите. Германскиот репрезентативец отпатува за Торино, каде што треба да ги помине лекарските прегледи во новиот клуб.
Со Волтемаде во Италија ќе пристигнат и неговите родители, како и агентот Дени Бахман. Напаѓачот на Њукасл неочекувано се најде на излезна врата, само една година откако пристигна во англискиот клуб.
Јувентус за едногодишната позајмица ќе плати 2,75 милиони евра, а сумата може да достигне околу 3,75 милиони евра доколку бидат исполнети договорените бонуси. Италијанскиот гигант во целост ќе ја преземе и платата на германскиот напаѓач.

