Покрај јануари како и јули-август, следната 2025 година во Италија ќе има трет преоден рок, и тоа јунскиот кој ќе трае од 1 до 15 јуни. Ова е најмногу поради фактот дека клубовите кои ќе настапат на Светското клупско пренство, Интер и Јуве го бараа тоа со цел да можат да се засилат во пресрет на СКП.
Сепак решението нема да биде парцијално и нема да важи само за овие два клуба тука за сите во Серија А.
Што се однесува до Светското клупско првенство, на кое за првпат ќе учествуваат 32 екипи, ќе се игра во САД од 15 јуни до 13 јули.