Синоќа екипата на Вулверхемптон во рамките од Боксинг деј колото во Премиер лигата на свој терен го совлада Манчестер Јунајтед со 2:0.
Одличната изведба на домаќинот во споредба со она што го одигра односно не го одигра Јунајтед е вистински показател за она што се случува со двата тима во моментов. Волфси имаа проблеми, менуваа менаџер, и ете тоа дава резултат, а на спротивната страна тоа оди во одбратен правец. Аморим и натаму не може да ја пронајде формулата како Манчестер да сврзе два добри мечеви сезонава.
„Фантастично чувство“, изјави Португалецот по првиот домашен натпревар на чело на тимот.
„Тоа е особено поради духот на тимот. Мислам дека можеме да видиме дека играчите се подготвени да страдаат заедно“, продолжи тој.
„Чувствувам дека играчите имаат самодоверба да играат и да ги добијат дуелите, а тоа е најважно за мене“, изјави и Переира.
„Го анализираме секој натпревар. Се трудиме и мислам дека целиот тим се обидува да ги разбере движењата или просторите што можеме да ги користиме. Тоа е фудбалот. Понекогаш функционира, понекогаш не“, заклучи Переира.